Трите најголеми производители на чипови, Интел, Тошиба и Самсунг се здружиле со цел до 2016 да почнат со производство на чипови во производен процес помал од 10 нанометри.
Само за потсетување, во моментов Интел има најнапредни процесори и тие се произведени во 32nm процес, а следно намалување планираат дури во 2012 на 28nm. За да го забрзаат овој процес, „големата тројка“ со здружени сили вложува во истражување и развој на начинот на производство. Трите производители до 2016 година планираат да стартуваат со производство во 10nm технологија, а очекуваат за остварување на целта д аим се придружат уште неколку помали производители. За почеток, одвоени се 60 милиони долари од јапонското Министерство за економија.
Тошиба и Самсунгпланираат технолошкиот напредок да го искористат за производство на мемории, додека Интел покрај мемории, ќе профитира и на полето на производство на процесори.



