Сервис и поддршка
Гарантни услови:
Сенсо Микро како единствен овластен сервисер на Toshiba лаптопите се обврзува дека во наведениот гарантен рок ке изврши сервисирање на своите производи. Гаранцијата важи од денот на испораката на производот. Користењето на производот треба да биде според упатството за употреба и инструкциите дадени од стручно лице од Сенсо Микро. Во спротивно Сенсо Микро не превзема одговорност за настанатите дефекти.
Гаранцијата не важи доколку:
- - Со производот не се ракува соодветно според упатствата за употреба
- - Уредот се приклучи на електрична мрежа со несоодветно заземјување
- - Производот е физички оштетен
- - Производот е сервисиран или отваран од страна на корисникот или неовластен сервисер
- - Е потребна реинсталација на програмската опрема (оперативниот систем и некои други програми)
Гаранцијата важи доколку:
- - Дефектот е настанат поради евентуална грешка во хардверот или при изработка на производот
Рекламацијата на лаптопот во гарантен рок, во овластениот сервис се поднесува заедно со копија од сметката или соодветната документација.



